Во рамки на проектот за одржливо управување на водените ресурси во пограничниот регион на држвава со Грција, јавното претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија денеска најави дека ќе набави опрема за континуирано и ефективно следење на квалитетот на водата во река Вардар.
-Опремата што ќе ја купиме ќе содржи анализатор на различни хемиски параметри и анализатори кои ќе го следат и детектираат нивото на токсичност на водата од Вардар затоа што водата има витална улога за сите човечки активности кои се случуваат во пограничниот регион, велат од гевгелиски „Комуналец“.
Се очекува проектот да овозможи соработка и вмрежување на засегнатите страни на локално и прекугранично ниво во делот на заштита на животната средина и водените ресурси како и да овозможи практично искуство за заштита на реката Вардар.
Мониторинг опрема ќе набават и претпријатијата за водовод и канализација од општините Пеонија и Халкидона од Грција,а добиените параметри од сите мерни станици ќе се праќаат во солунскиот универзитет „Аристотел“.