Во Гевгелија ќе се подобрува комуналната инфраструктура

Добар дел од буџетските средства за наредната година општина Гевгелија планира да намени за подобрување на комуналната инфрастуктура во градот и населените места.

Од општината посочија дека во Нацрт програмата за уредување на градежно земјиште во 2020 година, која моментно е на јавна расправа, се предвидени повеќе активности и проекти за изградба на нови водоводни и канализациски линии.

„Покрај изградбата на нови водоводни линии кон селата Негорци, Прдејци и Богородица, како и кон граничниот премин ‘Богородица’ кои се финанирани со средства од германскиот грант, од опствени средства планираме изградба на нови водоводни линии во неколку градски урбанистички блокови и во селата Кованец, Габрово и Давидово“, велат од надлежната општинска служба.

Течиси половина од Гевгелија, поточно јужниот дел на градот, од поранешната касарна до жлезничката станица, ќе биде раскопан поради сепарација на постојната канализациска мрежа и инсталирање на нова атмосферска канализација. Од општината потврдија дека и овој проект ќе е реализира со средства од германскиот грант.

Од сопствени средства, општина Гевгелија ќе гради нови канализациски мрежи во селата Милетково, Смоквица и Ново Конско, а планира да ги доврши фекалните канализациски мрежи во Негорци, Богородица и Миравци.