Според пресекот направен во 9 часот, на гласачките места во Општина Гевгелија, во вториот круг од локалните избори се изјасниле 1 537 граѓани што претставува излезност од 8 отсто, соопштија од ОИК Гевгелија.
Во Гевгелија право на глас имаат 19 076 граѓани, а во трка за градоначалник се Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ и Сашо Поцков од СДСМ.