Вчера во Гевгелија на улицата „Индустриска” во Гевгелија во хала на приватна фирма извршена е тешка кражба.
Сторителот влегол преку прозорец во канцеларија, каде од метален сеф кој насилно го отворил, одзел 1.000.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.