Во Гостивар до 19 часот гласале 28.355 граѓани, малку над 35 отсто

Од 79.945 граѓани со право на глас во Општина Гостивар, до 19 часот гласачкото право го оствариле 28.355 односно 35,47 проценти. Тоа претставува најголем одѕив од трите општини во Гостиварско.

Во општина Врапчиште на два часа пред затварање на гласачките места на излегле 7.620 граѓани односно 29,41 проценти од 25.913 колку што ги ма на избирачкиот список

Во општина Маврово и Ростуше до 19 часот на гласање излегле 2.728 граѓани или 27,29 проценти од 9.996 вкупниот број на избирачи

Во трите општини на последниот пресек од мерењето на одѕивот на гласачите според ДИК на гласање излегле 38.703 граѓани од вкупниот број на гласачи.

Десетина граѓани реагирале кај членовите на избирачките одбори дека ги немало на списокот и не им било дозволено да гласаат