Во Грција во последното деноноќие регистрирани се 27 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, од кои 14 се откриени при контролата на влез во земјата, сооопшти во вторникот грчката агенција за јавно здравје.
Со тоа бројот на вкупно заразени од почетокот на епидемијата во Грција, од 26 февруари кога беше дијагностицирана првата инфекција, достигна 3.589 лица.
Во последните 24 часа од коронавирусот починал еден маж, со што вкупниот број починати во Грција како последици од Covid-19 достигна 193 луѓе.
На одделите за интензивна нега во болници во земјата се хоспитализирање 10 пациенти кои се приклучени на респиратори. Минатото деноноќие поради подобрување на здравствената состојба, од интензивна нега бил оптуштен 121 пациент.
По отворањето на границите од 1-ви јули, во земјата расте бројот на ткн увезени случаи на коронавирусот, соопштија грчките здравствени власти. Во понеделникот, на пример, беа регистрирани 43 нови случаи, од кои 36 беа откриени на граничните премини.