Во Грција повторно земјотреси

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во реонот на Пилос, на грчкиот полуостров Пелопонез.

Епицентарот на земјотресот бил на 22 километри североисточно од Пилос и 194 километри југозападно од Атина. Нема информации за евентуални човечки жртви и причинета материјална штета.

Во исто време регистриран е земјотрес од 3,8 степени во Коринтскиот Залив.