Во Грција уапсени лица за планирање убиство на Ердоган

Повеќе членовите на екстремистичка организација се притворени во Атина во врска со заговор за убиство на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за време на неговата неодамнешна историска посета на Грција, пишуваат тамошните медиуми.

Весникот To Vima објави дека деветмина членови на ткн Револуционерната народноосвободителна партија-фронт планирале да го убијат турскиот претстедател со фрлачи на гранати, бомби и Молотови коктели. Според полициски информации, две групи екстремисти планирале да го конвојот со Ердоган од двете страни, а трета група од зад колоната.

Грчките власти сѐ уште трагаат по складираните од групата оружје и муниција, за кои се верува дека се скриени во планини во близина на главниот град Атина.

Групата турски националисти била уапсена на 28-ми ноември, како дел од истрагата за разни турски екстремистички организации.

Турскиот лидер Реџеп Тајио Ердоган го посети грчкиот главен град 7-ми и 8-ми декември, и тоа беше прва официјална државна посета на Грција на турски претседател по 65 години.