Во Харков гори зградата на регионалното обвинителство (ВИДЕО)

Руските сили безмилосно ги гранатираат украинските градови, вклучувајќи го и Харков.

Харков е еден од најпогодените од акциите на Русите, пренесе украинската агенција УНИАН.

Ноќта меѓу 5 и 6 март се слушнаа експлозии во областа Олексијевка, Нови Куќи, ХТЗ, Салтивка, 23 август и во центарот на градот. Подоцна, украинската војска собори непријателски воен авион над Харков.