Во Хрватска 312 новозаразени со коронавирусот и тројца починати

Во изминатите 24 часа во Хрватска се потврдени 312 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, а три лица починале, соопшти во саботата Националниот штаб за цивилна заштита.

Досега во Хрватска биле тестирани 165.716 лица, од кои 3.415 во последното деноноќие.

„Во изминатеи 24 часа забележани се 312 нови случаи на зараза со вирусот SARS-CoV-2, а бројот на моментално заболените (активни случаи) во Хрватска денеска е вкупно 2.654“, се наведува во соопштението на веб-страницата на штабот.

Од моменталните активни случаи, 211 пациенти се на болничко лекување, од кои на респиратори се 12 пациенти. Во самоизолација се 9.148 лица.

Од 25-ти февраури, кога е забележан првиот случај на заразата во Хрватска, досега се вкупно регистрирани 9.861 заразени, од кои починале 183, а оздравеле 7.024 луѓе.

Хрватските здравствени власти во саботата донесоа, по предлог на локалните, донеле три одлуки, кои се однесуваат на регионите на Вараждин, Шибеник и Вировитица, а се однесуваат на ограничување на свадбените прослави и на воведување неопходни епидемиолошки мерки.