Во Хрватска е приведена жена, се заканувала дека ќе ги убие членовите на Кризниот штаб

Полицијата во Пула уапсила 61-годишна жена од Пула која преку СМС пораки се заканувала дека ќе ги убие припадниците на Националниот штаб за цивилна заштита и премиерот.

Истражниот судија на осомничената и изрече истражен притвор, известија од Истарската полициска управа..

На Пулјанката, за која полицијата утврдила дека сторила четири кривични дела закана, по распитот и е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

Полициски службеници утврдиле дека жената на 17 ноември испратила заканувачка СМС порака на мобилниот број на припадник на хрватскиот штаб за цивилна заштита во Република Хрватска.