Сон на секоја жена е да има долга и раскошна коса. Сепак, потребно е многу време за да се постигне раст на косата до голема должина. Покрај времето, грижата и одржувањето исто така бараат многу големи напори, додека волуменот е нешто што дури не е изводливо за одредени типови коса.
Со надградба на косата без потешкотии може да ја постигнеме посакуваната должина и текстура.
Клучно за убава и долга коса, може секако да биде изборот на видот на надградбата, што пак потребно е да ја изведе добар и вешт фризер.
Такви професионалци, кои прават жените да се чувствуваат навистина посебно, се во салонот за разубаввање во Скопје „ID Team Hair Bar“.
Во однос на дилемите околу ексензиите на коса и тоа дали тоа има негативни последици, сопственичката на „ID Team Hair Bar“, Ивона Тренкоска, појанува дека доколку се стави коса не повеќе од потребното нема простор за вознемирување. Напротив, дури и на некој начин се заштитува косата.
Од „ID Team Hair Bar“ посочуваат дека една од трансформациите на коса кои секојдневно се изработуваат е кератинската надградба со која се постигнува густина, должина и сјај.
„Нудиме квалитетна коса со широка палета на бои. 100 % природна коса која ги задоволува желбите на нашите клиенти. Закажете бесплатна консултација и ќе ги добиете одговорите на вашите прашања“.
View this post on Instagram
Кој е клучот за убава долга коса? За почетници, тоа е избор на типот на екстензиите кој е соодветен за вашиот тип коса, но секако тоа треба да го направи добра и квалификувана фризерка. Она што ги прави добар избор е тоа што целата коса оди во иста насока, целата коса со надградбата има природно мека, свилена текстура, лесна е за стилизирање и одржување. Можете да ги миете, исушите и обоите исто како и косата. Овие екстензии обезбедуваат голема слобода на стилот.
Видови надградба за коса
Постојат неколку основни видови на надградби. Сите тие се разликуваат по начинот и должината на инсталацијата, времетраењето, издржливоста, начинот на одржување, влијанието врз вашата коса и цената. Пред да одлучите за кој било вид, консултирајте се со вашиот фризер, кој прво, во зависност од видот на вашата коса и што сакате да постигнете, ќе ви го препорача најдобриот. Не двоумете се, туку прашајте сè што ве интересира, прво недостатоците и предностите, влијанието врз природната коса, а потоа инсистирајте да ви ја покаже косата што ќе ве надгради. Погледнете ја бојата, структурата, допрете ја, но сепак ќе биде дел од вас неколку часа, денови или месеци.
Екстензии за коса со кератин
Надградбите за коса со кератин се веројатно една од најпопуларните, бидејќи искуството покажа дека е најдискретно. Кератинските плочки се загреваат со посебен уред, тие се топат и се лепат на природна коса. Кератинот во овој случај делува како еден вид лепак.
Вака надградена, косата изгледа одлично, но бара и редовна посета на салонот за корекции и одржување.
Искуството покажува дека таквата надградба може да трае до четири или шест месеци, а потоа треба да се оди на корекција. Бидејќи природната коса веќе содржи кератин, овој метод на коса генерално не претставува опасност ако сè е направено правилно.