Најмалку 11 луѓе се убиени во неделата доцна ноќта во џихадистички напад врз пункт на ирачката војска во селото Радунији на западниот приод кон главниот град Багдад, сооштија полициски и медицински извори.
Меѓу загинатите има и припадници на ирачките безбедносни сили, пренесува агенцијата AFP.
Засега ниедна џихадистичка групација не ја презема одговорноста за нападот. Но познато е дека во областа каде што е изведен нападот, главно населен со сунитски муслимани дејствуваат притаени ќелии на терористичката организација Исламска држава која во летото 2014 година освои значителни територии во мнозински шиитскиот Ирак.
Владата во Багдад во декември 2017 година прогласи воена победа над Исламската држава, но терористичките акти повремено се случуваат во големите урбани средини, но ова е првпат по подолго време да биде нападнат воен пункт.