Индиската сојузна држава Мадја-Прадеш го пријави во четвртокот првиот смртен исход на пациент заразен со новопојавената варијанта „делта плус“ на коронавирусот, додека индиски виролог оценува дека се претерани стравувањата од таканаречениот нов индиски сој на SARS-CoV-2 вирусот.
Станува збор за мутација на широкот распространетиот сој на короанвирусот означен како „делта“(B.1.617.2). Претходно беше објавено дека во Индија се идентификувани се околу 40 случаи на заразата со вирусот „делта плус“.
Референтниот Индискиот конзорциум за генетиката на коронаворусот (Indian SARS-CoV-2 Consortium on Genomics – INSACOG) потврди дека вирусот е „варијанта којашто предизвикува опасност“. Според стручњаците, оваа варијанта се одликува со зголемена продорност, посилно врзување со рецпеторите на белодробните клетки и со можно намалување на одговорот на миноклоналните антитела.
„Треба да се истакне дека четири од пет лица кои биле позитивни на варијантата ‘делта плус’ примиле вакцина и сега се здрави. Сепак, пациентот кој не бил вакциниран починал од вирусот. Затоа ги повикувам сите да се вакцинираат“, изјави за новинарите министерот за здравство на Мадјар Прадеш, Вишвас Саранг.
Според портпаролот на локалните власти, жената починала на 23-ти мај, а заразатата со варијантата „делта плус“ била потврдена со подоцнежните прецизни тестови. Истакнал дека сопругата на починатата претходно бил позитивен на Covid-19 и подоцна ги промил двете дози од вакцината, а починатата не била вакцинирана против коронавирусот.
„Владата ја следи ситуацијата. Се следат контактите на пациентите кои биле позитивни на ‘делта плус’ варијантата и извештаите за нивните контакти биле негативни“, додале Саранг.
Меѓутоа, Анураг Агарвал, индиски специјалист за вирусни заболувањеа и директор на Институтот за геномика и интегративна биологија, смета дека се преувеличени стравувањата дека новата варијанта „делта плус“ може да предизвика трет бран на епидемијата на коронавирусот во Индија.
„Во моментов не постојат докази дека ‘делта плус’ има некаква поврзаност со можна појава на трет бран“, рече Агарвал во четвртокот за телевизиската мрежа NDTV.
Истакнува дека инститот кој го води досега секвенционирал повеќе од 3.500 примероци на коронавирусот земени од април до мај во најпогодената сојузна држава Махараштра, и забележале дека има доста многу заразени со „делта плус“ варијантата. Но, посочува Агарвал, процентуално тие сочинуваат помалку од еден отсто, и додава дека во моментов ситуацијата „се чини стабилна“.
Истовремено, Агарвал предупредува дека сите варијанти од сојот „делта“ на коронавирусот можат да бидат опасни и повика на претпазливост и придржување до мерките против ширењето на заразата.
Таканаречената „делта“ варијанта на коронавирусот првпат беше идентификувана во Индија ланскиот октомври, поради што честопати се нарекува „индиски“ сој. Сеиндискиот институт за медицински истражувања претходно објави дека оваа варијанта на коронавирусот може да ги зарази и лицата кои се вакцинирани со вакцините „Covaxin“ и „Covishield“, кои се употребуваат во Индија, како и дека неговата мутација наречена „делта плус“ се смета за многу позаразна.
Индија, инаку, е на второто место во светот според бројот на потврдените случаи на коронаинфекции. Според последните податоци на министерството за здравство од март 2020 година кога започна епидемијата во земјата, вкупниот број заразени со коронавирусот во Индија со над 1,2 милијарди жители, надминал 30 милиони, од кои оздравеле повеќе од 29 милиони, повеќе од 391.000 починале, од бројот на пациентите кои се лекуваат се намалил на 627.000 луѓе.