Во Ираклион уапсени 34 лица поради поседување лажни патни исправи

Во Ираклион беа уапсени 34 лица поради поседување лажни патни исправи со кои имале намера да патуваат во странство.

Дваесет мажи и 14 жени на возраст меѓу 18 и 47 години беа уапсени на меѓународниот аеродром „Никос Казанѕакис“ во Ираклион помеѓу 26 и 31 август, бидејќи поседувале лажни патни исправи, јавува АНА.

Лажните документи им биле одземени, а осомничените биле испратени до обвинителот во Ираклион.