
Индонезискиот министер за транспорт Буди Карја Сумади изјави дека во авионот на воздухопловната компанија „Sriwijaya Air“, за кој се верува дека претходно се урна во водите на Јаванското Море, се наоѓале вкупно 65 лица, од кои 54 патници и 12 членови на екипажот, пренесува локаниот портал Detik.
„Министерот за транспорт Буди Карја Сумади потврди дека се урнал авионот на Sriwijaya Air на летот SJ182 кој претходно загуби контакт. Според него, во авионот имало 53 патници и 12 членови на екипажот“, пишува порталот.
Претходно специјализираниот портал Airlive објави дека во авионот имало 62 лица. Меѓу нив 46 возрасни, седум деца и три новороденчиња, како и двајца пилоти и четири стјуардеси.
Министерот Сумади истовремено ја потврдил информацијата дека авионот кој од главниот град Џакарта летал кон островот Борнео, се урнал во морето близу островот Лаки.