Министерот за внатрешни работи на Турција, Али Јерликаја, соопшти дека во Истанбул е уапсен хрватскиот државјанин Ненад Петрак, водач на меѓународниот нарко картел, пренесува хрватски Index.
Јерликаја на социјалните мрежи објави дека Петрак е уапсен во истанбулската област Ускудар. Тој посочи дека Петрак е лидер на меѓународен нарко-картел кој ја пренесува дрогата од Јужна Америка во Европа и ја дистрибуира низ Европа.
Вредноста на дрогата што се продава во Хрватска е најмалку 1,6 милиони евра. Истрагата опфаќа 19 хрватски државјани.
Освен првообвинетиот Ненад Петрак, претприемач од Загреб кој се бара за учество во обидот за убиство на Јосип Чубелиќ во средината на април годинава, еден од обвинетите е и Филип Ромиќ, кој побегнал во Дубаи, но бил уапсен на неговото враќање во Босна и Херцеговина.
„Ненад Петрак, кој беше следен од нашиот оддел за борба против наркотици во Истанбул, Канцеларијата за разузнавачки работи и Граничната канцеларија под координација на Генералниот директорат за безбедност, беше откриено дека се наоѓа во Ускудар. Операцијата КАРТЕЛ-2 беше веднаш започната со поддршка на Дирекцијата за специјални операции во Истанбул за апсење на меѓународен шверцер на дрога. Им честитам на нашите полицајци кои ја организираа акцијата“, рече Јерликаја.l