Во Италија рекодно запленување на 14 тони амфетамин произведен во Сирија

Италијансната полиција соопшти дека во средата запленила рекордно количество амфетамин во форма на 84 милиони таблети катагон произведен во Сирија.

„Ова е најголемото количество амфетамин кое полицијата досега го има запленето во светски размери“, изјави полковникот Доменико Наполитано, директор на финансиската полиција во Неапол.

Пазарната цена на дрогата запленета во Салерно, јужно од Неапол, изнесува милијарда евра, се додава во соопштението на италијанската полиција.

Таблетите на себе имале две поликрижни лакови, знак за каптагон кој се смета за наркотик и се користи за „финансирање на тероризмот“ се додава во соопштението.

„Познато е дека групата Исламска држава насегаде ги финансира своите терористички активности со кримчарење на синтетски дроги произведени во Сирија, кои овие години стана главниот светски произведувач на амфетамин“, истакнува полицијата.

Италијанската полиција истакнува дека патагонот, кој се продава на целиот Блиски исток, е „многу раширен меѓу џихадистите бидејќи го отстранува стравот и болката“.

Весникот La Repubblica пишува дека практата требало да биде испорачана до швајцарска компанија со седиште во Лугано во сопственост на италијански државјанин.

Епидемиолошките мерки воведени поради пандемијата на коронавирусот го запреа производството и растурањето на синтетските дроги во Европа, па многу од криумчарските синџири почнале да се снабдуваат од Сирија.