Во Италија запленет тони кокаин на колумбиската мафија

Sono ritenute appartenenti al clan Mallardo, organizzazione componente della cosiddetta Alleanza di Secondigliano (insieme con il clan Licciardi e il clan Contini), le 25 persone arrestate dalla Dia di Napoli alle quali la Procura di Napoli contesta, tra l'altro, i reati di associazione per delinquere di tipo camorristico. ANSA/US DIA +++ NO SALES, EDITORIAL USE ONLY +++

Италијанската полиција запленила 4,3 тони кокаин со проценета улична вредност од 240 милијарди евра, со што му е зададен силен удар на колумбискиот наркокартел Клан де Голфо, соопштија иследниците во вторникот.

Полицијата, исто така, запленила и 1,85 милиони евра во готовина.

Полицијата соопшти дека станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во Европа, како и дека ѝ претходела меѓународна истрага во рамките на која се распишани потерници по 38 лица во шест земји, и тоа Италија, Словенија, Хрватска, Бугарија, Холандија и Колумбија.

Истрагата траела повеќе од една година, а во неа учествувале колумбиското правосудство и министерството за внатрешна безбедност.

Колумбиските власти соопштија ланскиот ноември дека се насочени на разбивањето на Клан де Голфо, кој има мрежа во 28 земји во светот, откако беше уапсен шефот на картелот Дарио Антониот Усуга „Отониел“ претходно во октомври.

„Уште еден тежок удар за најважната група меѓу колумбиските наркокартели“, соопштија италијанските иследници во Трст по заплената на кокаинот.

Истакна дека во текот на истрагата разоткриле „густа мрежа“ на врски меѓу јужноамериканските произведувачи на кокаин и европските купувачи поврзани со италијанските криминални организации кои делуваат низ Италија, вклучително и во Калабрија од каде потекнува мафијашката група ‘Ндрагета.

Полицијата следела 19 последователни испораки од мај минатата година, што ѝ овозможила да идентификува „важни посредници“ во глобалниот систем на трговија со дрога и „значителен број транспортери“.