![133603599](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/03/133603599-1.jpg?resize=540%2C360&ssl=1)
Италијанската полиција уапсила двајца албански државјани, кои со моторен чамец во правец на италјанскиот брег транспортирале 1,2 тони марихуана.
Италијанската поморска патрола во акцијата била потпомогната и од полициски хеликоптер.
Истрагата за вмешаност на други лица се проширува и во Албанија.
Грчката полиција, пак ,во акција во близина на грчко-албанската граница заплени 110 килограми марихуана, спакувана во 25 пакетчиња.
Во акцијата се уаспени двајца грчки државјани на возраст од 22 и 24 години, кои, според првичните истражни дејствија само ја транспортирале дрогата за двајца албански „нарко газди“, чиј идентитет, во интерес на истрагата, не се соопштува.