
Канада го зголеми нивото на опасност од терористички напади од ниско на средно, објави МИА.
Портпаролот на Министерството за јавна безбедност изјави дека одлуката е донесена како резултат од конкретна закана од групите Исламска држава, Ал Каеда и Ал Шабаб.
Одлуката уследи откако во понеделникот канадски екстеремист со автомобил удри двајца војници во Квебек, при што едниот загина. Во полициската акција напаѓачот е застрелан. Полицијата соопшти дека тој имал радикални идеи, а настанот е оценет како тероризам.
Мартин Руло (26) го прифатил исламот, а бил следен од службите под сомнеж дека е поврзан со исламистички борци. Во текот на летото на Руло му бил одземен пасошот за да не замине во Турција, а оттаму во Сирија.
– Полицијата немаше доволно докази за да подигне обвинение против него и не можепе да го предвиди нападот, изјави претставник на полицијата