Во Кенија екстремисти убиле тројца учители и еден киднапирале

Припадници на екстремистичката група Ел Шабаб убија тројца учители од немуслиманска вероисповед, додека еден муслимански учител е киднапиран.

Инцидентот се случил во Камуте центарот во источниот дел на Кенија, соопшти денеска полицијата.

Екстремисти од Сомалија го нападнале Камуте центарот и притоа отвориле оган врз полицијата и се обиделе да ја уништат телекомуникациската мрежа. Напаѓачите го поштедиле животот на една медицинска сестра поради нејзиниот пол.

Ал Шабаб вети дека ќе и се одмазди на Кенија бидејќи нејзината војска во Сомалија е присутна од 2011 година поради борба против милитантите.

Претходно овој месец, групата нападна воена база која ја користат кенијските и американските трупи, при што се убиени тројца Американци и уништени се авион и друга машинерија.