Во Изложбениот салон – Империјал 2 на Културно Информативен Центар – Скопје, вечер ќе биде отворена изложба на слики од академскиот сликар Владимир Илиевски.
На изложбата која ќе трае до 5 јуни, ќе бидат изложени 30 дела, масло на платно.
Илиевски има реализирано шест самостојни изложби од кои пет во Македонија и една во Бугарија, а учествувал и на повеќе групни изложби во Македонија, Хрватска и Грција.
Добитник е на три национални и една меѓународна награда.