Во Кичево до 15 часот гласале вкупно 16.426 граѓани

Во Oпштина Кичево до 15 часот гласале 16 426 граѓани или 32,37 отсто. Се работи за 95 избирачки места од 120, колку што има во оваа општина, потврдија од ОИК за Кичево.

– Во нашата општина до 15 часот своето демократско право на глас го искористија 16 426 граѓани или 32,37 отсто. Како и во претходните пресеци, така и овој пат бројката не е конечна бидејќи се работи за извадок од 95 од 120 избирачки места колку што има во нашата општина, велат од ОИК.

Според Теанула Станкоска од ОИК за општина Кичево, ако се има предвид дека бројот на гласачи пред избирачките места е доста голем, за очекување е во попладневните часови излезноста да биде и осетно зголемена.