Челниците на германскиот раометен клуб Кил задоволни се што го добиле мкаедонскиот вицешмпион Металург за противник во 1/4 финалето, но во исто врме се свесни дека ги чека пекол на гостувањето во Скопје.
„Ќе биде тешко против Металург затоа што знаеме дека во Скопје секогаш се игра пеколно. Не чека тим кој е одлично воден од Лино Червар, но мора да признаам дека пред ждрепката посакувавме два клуба, ПСЖ и Металург па на крај добивме еден од нив. Може да кажам дека сме задоволни , не и пресреќни“ ,изјави Сабине Холдор – Шуфт, членка на Извршниот одбор на клубот.
Кил е убедливо најдобрата германска екипа во историјата која има 18 титули во германскиот шампионат, а е трикратен европски шампион, последен пат во 2012 година.