
Во близина на село Марвинци вчера полициски службеници пронашле 32 мигранти, кои биле во комбе „пежо боксер“, соопшти денеска МВР.
– Вчера во 06:00 часот на магистралниот пат во близина на с.Марвинци, во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од Полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе „пежо боксер“. По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти – се наведува во соопштението на Министерството.
Известен е јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.