Во контролиран пожар во Австралија изгореа 20 куќи

Напорите на австралиските пожарникари да го спречат ширењето на масовните пожари североисточно од Сиднеј со контролирани насочени пожари ненамерно предизвикаа нов пожар во кој се оштетени или уништени најмалку дваесет куќи, соопштија властите.

Противпожарната служба на сојузната држава Нов Јужен Велс (RFS) соопшти во понеделникот дека пожарникарите ја изгубиле контролата во ограничувањето на „мегапожарот“ на југот од планината Госперс во неделата попладнето, кој се проширил на ниво на „вонредна состојба“ вечерта и продолжил да гори.

Претставникот на RFS, Шејн Фитцимонс ракол дека пожарникарите на теренот се обидувале да ја заштитат заедницата „носејќи некои чувствителни и многу ризични одлуки“. „За несреќа работите не одат секогаш според планот и гледаме дека многу брзо може да се променат, и колку деструктивни последици може да имаат“, рекол за австралиската мрежа ABC.

Пожарот уништил електрични инсталации и 450 куќи останале без електрична енергија.

„Сушата многу влијаеше врз вегетацијата, која станала многу запаллива. Видовме како огнот непречено гори, засилен од ветрот“, изјави претходно Фитцимонс за телевизијата Channel Nine.

Некои од земјиштата им припаѓаат на гасителите кои се борат против „мегапожарот“ кој опфатил неколку пожари во регионот и уништил речиси 380.000 хектари земја. Пожарот гори 70 колометри северозападно од Сиднеј, а огнената стихија се простира на повеќе од 60 километри долг фронт. Во понеделникот попладнето по локално време ширум земјата 2.000 пожарникари се справуваат со 108 пожари, а метеоролошката служба предвидува топлотен бран за поголемиот дел од Нов Јужен Велс.