Во Косово поскапува струјата за 15,4 отсто

Одборот на директори на косовскиот регулатор за енергетика (РЕК) денеска одлучи од 1 април цената на струјата во Косово да се зголеми за 15,4 отсто. Претседателот на РЕК Имер Фејзулаху изјави дека зголемувањето на цената е неопходно за да се обезбеди 24-часовно снабдување со електрична енергија на Косово.
„Сметаме дека ако немаме стабилно снабдување, трошокот ќе биде многу поголем од ова покачување што е предложено, ова е минимум да имаме 24 часа струја“, рече Фајзулаху.
Новите тарифи, додаде тој, ќе важат до 31 март следната година, под услов да нема барања за дополнително зголемување на цените