Во Косово вратени 110 државјани од поранешните територии на ИД

Двајца борци на џихадистичката организација Исламска држава и 74 деца заедно со 32 жени ноќта кон саботата со големи мерки на безбедност се вратени во Косово.

Сите се косовски државјани. Во Сирија е проценето дека има уште 30 борци со косовско државјанство и 49 жени и 8 деца.

Министерот за правда на Косово, Абелард Тахири, изјави дека на овој начин на овие луѓе ќе им се пружи втора шанса за живот.