-4.2 C
Skopje
недела, јануари 5, 2025

Во криза, Гази Баба троши 245.000 евра за партиски вработувања

За справување со Корона-кризата ќе бидат потребни многу средства. Затоа е неодговорно градоначалникот на Гази Баба да троши 245.000€ за привремени партиски вработувања, вели Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Овие средства на даночните обврзници покорисно е да се пренаменат за помош на здравството, за вработените во стопанството. Вака недомаќинското трошење на пари не треба да се покрива преку спуштање на минималец од 14.500д на целата администрација, пишува Милошоски на Фејсбук.