На 08.08.2022 во 15.10 часот било пријавено дека во Куманово, на ул.„11-ти Ноември“ патничко моторно возило “цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.С.(69) од Куманово, удрило во малолетен пешак од Куманово.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.