Во Куманово синови го претепале таткото, па го ограбиле

Во СВР Куманово, Р.С.(65) од Куманово завчера околу 22:30 часот пријавил дека во неговиот дом на улицата „Драги Шутевски“, неговите синови И.С.(30) и Е.С.(17) извршиле разбојништво над него, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тие со употреба на сила влегле во домот и му одзеле пари. За време на увидот парите биле пронајдени во дворот.