Во Лондон сметаат дека Западот по Авганистан се перцепира како слаб

Судбината на Авганистан и по двеасетгодишната војна која ја предводеа САД и НАТО покажа дека соперниците како Русија ја сметааат слаба решителноста на Западот, изјави во четвртокот британскиот министер за одбрана Роберт Бен Волес .

Војната во Авганистан однесе стотици илјади животи и чинеше трилиони долари, но талибаните на крајот по две децении се вратија на власт, а западните дипломати во моментов бегаат од авганистанската престолнина Кабул.

„Ми пречи што сега имаме светски поредок во кој ривалите нашата решителност ја сметаат слаба“, изјави Волес за BBC.

„Тоа е нешто околу што треба да се загрижиме: доколи Западот биде сметан за слаб и фрагментиран, тоа ги охрбарува нашите непријатели како Русија. Исламистите ширум светот тоа го интерпретираат како победа, а тоа ќе инспирира нови терористи“, вели во интервјуто за радиото LBC, британскиот министер за одбрана.

Изјавата на Волес доаѓа откако претходно во четвртокот во Москва, Николај Патрушев, генерален секретар на Советот за безбедност на Руската Федерација, ја проблематизираше посветеноста на САД во врска со Украина, откако американските сили брзо си заминаа од Авганистан. Но такви мислења имаше и од аналитичари во Киев уште во неделата, кога талибаните без борба влегоа и го заземаа Кабул.

„Киев послушно им служи на интересита на своите прекуморски заштитници, сакајќи да влезе во НАТО. Но дали соборениот проамерикански режим во Кабул го спаси фактот дека Авганистан имаше статус на главен американски сојузник надвор од НАТО? Слична ситуација ги очекува и поборниците на САД во Украина“, оцени Патрушев во разговорот за весникот Известия.

Шефот на политичките програми а Украинскиот институт за иднина, Јуриј Романенко, во неделата во колумната за локалните медиуми, предупреди дека брзото повлекување на Американците од Авганистан треба да претставува и предупредување за оние земји или власти кои се доживуваат себеси како стратешки сојузници на САД, вклучително и за властите во Киев. Според него, во „мрачната приказна“ со Авганистан има еден многу важен момент, многу значаен за Украина, потсетувајќи дека Кабул за САД имаше статус на стратешки сојузник на САД надвор од НАТО.

Како и другите аналитичари, и Романенко истакнува дека Вашингтон потрошил импресивни 85 милијарди долари во обуката на безбедносните авганистански сили, дека владините сили добил стотици оклопни возила, беспилотни летала и хеликоптери и оти тоа вооружување сега паѓа во рацете на талибаните.

„Трагедијата на Авганистан покажува дека доколку сојузникот не е подготвен да се бори за себеси, тогаш Американците нема особено да се претргнуваат. Колапсот на авганистанската армија изминатите неколку седмици е само пример од учебник“, истакнува Романенко.