Во Македонија се заработува убедливо најмалку во регионот

Во текот на изминатата 2018 година, најголемата просечна плата во регионот ја заработиле вработените во Хрватска, и тоа двојно повеќе од заработката на работниците во Македонија којашто е последна зад Србија според овој показател во регионот.

Како што се наведува во споредбата којашто ја објави во петокот Радио Слободна Европа, работниците во Македонија просечно заработиле 395 евра, што е за 25 евра помалку од претполседната Србија, каде што лани се заработувало по 420 евра. Речиси 50 евра повеќе отколку во Македонија се заработува и во Косово, а околу 120 евра повеќе заработиле Црногорците. Во Хрватска, пак, просечната заработка изнесувала 842 евра, што е повеќе од двојно отколку во Македонија.

Според податоците на Словенечкиот институт за статистика, просечната месечна нето плата во летото минатата година инесувала 1.082 евра, и е највискот во регионот.

Кон средината на април годинава Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2019 година, изнесувала 24.192 денари, или околу 392 евра според тековниот курс.