Најстудено е во Берово каде е измерена температура од -12 степени по што следува Скопје Петровец со -11, Демир Капија со -10, Струмица и Битола со -9, Куманово, Штип, Тетово и Скопје со -8. Минус седум степени се измерени во Прилеп и Дебар, – 6 во Крива Паланка и Гевгелија, – 5 во Маврово и Лазарополе, – 4 во Претор, Виница и Охрид, – 3 во Тополчани, – 2 во Пожаране, Дојран во Крушево и -1 во Ѓуриште.
Управата за хидрометеролошки работи за денеска најавува сончево време со слаб северен ветер. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла, а максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13 степени.
Во наредните денови под влијание на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса ќе се задржи стабилно и суво, односно претежно сончево време. Утрата ќе бидат ведри и студени, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб, а кон средината на неделата и умерен ветер, претежно од северен правец. На повисоките места и на планините ќе биде нешто потопло во однос на котлините.
Според мерењата на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово најзагадено е во скопска Гази Баба со концентрација од 612,32 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен. Следи Лисиче со 261,93, Центар со 253,70, Ректорат со 202,84, Карпош 163,99 и Миладиновци 113,40. Од останатите градови во Битола измерените концентрации на ПМ 10 честичките се 70,76, Кичево 101,60, Тетово 166, 70, Велес 51,46, Кочани 61,14, Кавадарци 183,11, и Куманово 155, 37.