Во македонските манастири има околу 200 монаси

Неофицијалната статистика вели дека приближно еден од 10 илјади Македонци е монах. Се смета дека во земјата има речиси 200 монаси што живеат во братства и сестринства, пишува Нова Македонија.

Според весникот најмногу монаси има во  Бигорскиот манастир, Дебарско, односно над дваесет монаси, а во манастирот во Рајчица живеат 12 монахињи.

Најмногу монаси има во струмичката и во дебарско-кичевската епархија. Манастирот во Велјуса и во Хамзали, Струмичко, се полни, а постојано се јавуваат нови искушеници. Во Бигорскиот манастир, Дебарско, има над дваесет монаси, а во манастирот во Рајчица живеат 12 монахињи. Најмалку монаси, пак, има во сега поделената епархија на починатиот владика Кирил, полошко-кумановската. Во Лешочкиот манастир живее само еден монах, исто како и во манастирот Трескавец, Прилепско. Во голем дел од манастирите живеат по три-четири монахињи, како манастирите на Матка и во Љубанци, Скопско.

Во Осоговскиот манастир веќе неколку години нема ниту еден монах, пипува Нова Македонија  Последната монахиња починала пред три-четири години, а оттогаш никој од монасите не изразил желба да ги насели конаците. Таа епархија сега му припаѓа на кумановскиот владика г. Јосиф, чиј приоритет е да го обнови монаштвото во овој храм, што ќе значи и обнова на верскиот живот во овој дел од земјата. Целта на Македонската православна црква е да го обнови монаштвото и во другите манастири, што ќе придонесе за ширење и сведочење на верата, најмногу преку редовниот богослужбен круг во манастирите.

Денеска, неофицијалната статистика вели дека приближно еден од 10 илјади Македонци е монах. Се смета дека во Македонија има речиси 200 монаси што живеат во братства и сестринства.

Познато е дека монасите се занимаваат со производство на прехранбени продукти, како мед и слатко, некои произведуваат и ракија, а има и такви што се посветени на уметноста, па прават мозаици и изработуваат фрески и икони.

Отец Бобан Митевски, од кабинетот на г.г. Стефан, поглаварот на МПЦ за весникот  вели дека монаштвото е крвотокот на црквата, односно еден од нејзините најважни темели.

Според него, манастирот е уточиште на овоземниот свет, во кој монасите се посветуваат на молитва и подвиг во потрага за сопственото спасение и спасението на оние за кои се молат.

 

Животот на монасите може да биде организиран како општожитијно, што значи заедништво на сите жители. Тогаш монасите се соединуваат во братства и сестринства. Постои и индивидуално монаштво, каде што монасите имаат своја сопственост и се грижат сами за себе. Во Македонија е застапено општожитијното монаштво.