Во „мазда“ откриени осум мигранти, приведен криумчарот

Ноќта кон неделата околу 1,15 часот по полнич, на локаццијата позната како „Македонија пат” на излезот од Гевгелија, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор „Богородица“ лишен е од слобода 42-годишниот М.К. од Кавадарци.

При контрола на патничко возило „мазда 6”, со германски регистарски ознаки, кое тој го управувал, во возилото се затекнати осум лица, мигранти од кои пет од Сирија, две од Авганистан и едно од Пакистан.

М.К. е приведен во полициска станица и во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.