Земјотресот со магнитуда од 8,2 кој го погоди ноќта кон петокот пацифичкиот брег на југот на Мексико однел најмалку 26 животи, објавија властите, но се стравува дека бројот на жртвите може да расте, пренсува агенциајта Reuters.
Директорот на мексиканската служба за цивилна заштита Рикардо де ла Круз изјави дека во земјотресот се преброени „15 жртви врз основа на податоците од сојузните држави“. Малку подоцна гувернерот на државата Оакаха, Алехандро Мурат во изјава спомена 20 жртви.
Епицентарот на силниот земјотрес кој се почувствувал силно и во главниот град Сиудад де Мехико, се наоѓа во водите на Тонала, на брегот од сојузната држава Чијапас, според податоците на Американскиот геолошки центар (USGS) кој измери моќност од 8,1 степени по Рихтер.
Бројот на жертвите може да расте бидејќи земјотресот во Оакаха „уриваше кучи со станарите внатре“, изјавил де ла Круз за телевизијата Milenio TV.
Во државата Табаско едно дете загинало во уривање на куќа, а доенче приклучено на респиратор починало кога поради потресот снемало струја. По потресот беше прогласена опасност од цунами, која во меѓувреме беше повлечена, потсетува Reuters.
Мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието изјави дека потресот, за кој се покажа дека е најсилниот во векот, го почувствувале 50 милиони луѓе од вкупно 120 милиони жители на оваа земја, пишува агенцијата AFP.
Земјотресот се случил во 23,49 часот по локално време и многу жители ги изненадил бидејќи веќе заминале на спиење или се подготвувале за починка. Улиците по подземниот удар биле преполни со луѓе во пижами кои од студот се штителе со покривачи и чекале зградите да престанат да се тресат.
Подземниот удар е регистриран во 6,49 часот во петокот по македонско време. Епицентарот бил на 119 километри југозападно од местото Трес Пикос, а хипоцентарот на длабочина од 33 километри. По главниот удар следеле 61 афтершокови со магнитуди до 6,1
Училиштата во петокот се затворени во државите Оакаха и Чијапас, а земјотресот се почувствувал и во Гватемала каде што е прекинато снабдувањето со електрична енергија во некои области на западот близу границата со Мексико. Весникот Prensa Libre, повикувајќи се на гувернерот на департманот Сан Маркос во Гватемала објави за еден загинат во градот Такана.
Мексико е сместен на местото каде што се спојуваат пет тектонски плочи и поради тоа таму е област на силна тектонска активност. Во септември 198 година разорен земјотрес со магнитуда од 8,1 погоди голем дел од мексиканската престолнина којашто лежи на сунгересто исушено езерско корито, при што загинаа над 10.000 луѓе. По оваа трагедија, мексиканските власти го заострија прописите за градење и развија систем за предупредување на потреси преки сензори поставени на бреговите.
РИА Новости https://ria.ru/world/20170908/1502044777.html