Белорусија планира да одржи голема воена парада на 9-ти мај по повод 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа и покрај пандемијата на новиот тип коронавирус.
„Не можеме туку-така да ја откажеме парадата“, изјавилбелорускиот претседател Александр Лукашенко, пренесува во неделата дрќаваната новинска агенција Белта.
„Долго размислував за тоа. Тие умреа за нас, колку лошо тоа и да звучи“, рекол Лукашенко и додале дека одлуката била и емоционална и идеолпошка, и притоа истакнал дека луѓето и во текот на војната умирале од вируси и други болести. Порачал и дека никого нема да присилува да присуствува на прадата.
Белорусија досега регистрирала 16.700 случаи на зараза и 99 смртни исходи како последица од Covid-19.
Лукашенко многу повеќе во странство го критикуваат, бидејќи не воведе никакви мерки против ширењето на заразата, а загриженоста поради коронавирусот ја нарекува „психоза“. Белорусија е единствената земја во Европа, и меѓу само неколкуте во светот, во кои спорските настани, во прв ред фудбалското првенство, не беа суспендирани, а натпреварите се следат со присуство на мноштво гледачи.
Соседна Русија, пак, поради епидемијата го одложи традиционалното одржување на големата воена парада на московскиот Црвен плоштад, но претседателот Владимир Путин ќе одржи говор и ќе положи цвеќе. Во Москва и во другите градови на 9-ти мај ќе се одржат огномети и свечени прелети на авионите вна воздухопловните сили.
Во грузиската престолнина Тбилиси, каде што традиционално се одбележува Денот на победата, исто така, се откажани сите големи настани за во недела.
Русија и Белорусија победата на Советскиот сојуз над нацистичка Германија и капитулацијата ја одбележваат, ден подоцна отколку во Берлин, откако европските земји направија за дистанцирање во обидот да се намали улогата на Црвената армија во победата над Третиот рајх.