Во моментов десет активни пожари

Денес, понеделник, 12.08.2024 година, до 19:00 часот има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои во моментов 10 се активни, 7 се под контрола и 7 се изгаснати.

Центарот за оправување со кризи информира на кои места во Македонија има активни пожари:

1. Општина Македонски Брод: Јасен – Белица (борова шума);
2. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума)
3. Општина Новаци: с.Полог – Тапевци – Гнилеж – Паралово (ниска вегетација);
4. Општина Кичево 1: с.Патеец – с.Козичино (борова и букова шума);
5. Општина Кичево 2: с.Челопеци и с.Бигор Доленци (мешана шума);
6. Општина Ресен: Галичица се шири во правец на врвот Магаро кон Стење, Охридска страна, (нискостеблеста вегетација);
7. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово – Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);
8. Општина Кичево 3: с.Туин, Калешовци (дабова шума);
9. Општина Гази Баба: с.Трубарево (сува трева);
10. Општина Крива Паланка: нас.Ловачки дом (сува трева).

ПОД КОНТРОЛА: 7

1. Општина Неготино: Кај ТЕЦ Неготино (сува трева);
2. Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума);
3. Кичево: с.Зајас (мешана шума);
4. Општина Демир Хисар и Охрид: Илинска Планина, Плаќенска планина, во општините Охрид и Демир Хисар е под контрола (4 НШ) (ниска вегетација);
5. Општина Чашка: с.Ореше, с.Папрадиште (мешана шума);
6. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);
7. Општина Липково: с.Никуштак (депонија).

ИЗГАСНАТИ: 7

1. Општина Неготино: Пепелешки мост – месност Јаворица (нискостеблеста деградирана шума и сува трева);
2. Општина Виница: круг на Фабрика Треска (сува трева и пелевина);
3. Општина Босилово: с.Бориево (сува трева);
4. Општина Аеродром: под мостот на р.Вардар, на патниот правец Идризово – Долно Лисиче (ѓубре);
5. Општина Кочани: Градска депонија (ѓубре, сува трева и нискостеблести растенија);
6. Општина Липково: с.Матејче (нискостеблеста шума);
7. Општина Кичево: кај Стража.