Во мразот се заглави и кинескиот брод кој ги спаси патниците од Антарктикот

На Антарктикот се заглави и кинескиот мразокршач кој ноќеска ги спаси истражувачите од рускиот брод кој се заглави на 24 декември.

Австралијските власти соопштија дека бродот, наречен „Снежен Змеј“ , ќе се обиде да се придвижи кога условите ќе бидат подобри. Австралијскиот брод, мразокршач, во кој се спасените патници, ќе остане на отворено море во реонот.

Австралиската служба за поморска безбедност потврди дека патниците биле пренесени на австралиски брод во групи од по 12 патници со хеликоптер.

Рускиот брод Академик Шокалски беше заглавен во дебел мраз од 24 декември. На бродот имаше 73 лица, научници туристи и новинари. Тие сакаа да ја повторат историската експедиција на Антарктикот пред еден век, која ја водеше австралискиот научник сер Даглас Мосон. Неколку претходни обиди за нивно спасување не успеаја поради лошите временски услови. Експедицијата започна пред околу три недели и требаше да се придружи на друг брод од Нов Зеланд на почетокот на месецов, но бродот наиде на големи слоеви мраз и се заглави.