
Четворица азербејџански војници загинале во напад на нивната единица во пограничните области на Нагорно-Крабах, соопшти Министерството за одбрана во Баку.
Во исто време, ерменските власти издадоа соопштение во кое се наведува дека шест ерменски војници биле ранети во, како што е формулирано во изјавата, „воената офанзива на Азербејџан“ во Нагорно Карабах, пренесува ТАСС.
Министерството за одбрана на Ерменија вчера објави дека азербејџанските сили ги продолжиле борбените операции во Нагорно Карабах.
„Азербејџанските сили ги продолжија борбените дејствија во правец кон населбите Стари Таглар и Хчеберд на 12 декември“, се вели во соопштението.Се додава дека армијата на Нагорно Карабах ги презела сите потребни чекори во врска со ова.
Да потсетиме, Азербејџан и Ерменија, со посредство на Русија, постигнаа примирје на 10 ноември, а потоа сите борбени операции беа целосно запрени.
Во согласност со мировниот договор потпишан во Москва, покрај примирјето, е договорена и размена на затворениците.