Вечерва во 20, 30 порталот Економски Лидер, ќе објави нови аудио снимки за спорната средба на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, со претставници на италијанската компанија „Леонардо”.
На снимката, како што стои во најавата на порталот, има спорни делови „кои даваат индиции за кршење на закони и кривични дела“.
Минатиот петок Еxpres.mk.објави аудио снимка на којашто Рашковски на која е регистриран шокантен разговор меѓу тројца високи државни функционери за тендер финансиран од Европската банка за обнова и развој (EBRD).
Генералниот секретар потоа на неубедлива прес-конференција негираше злоупотреби и се закани со тужби против новинари, политички партии и поединци за кои се сомнева дека се извор на инкриминирачките материјали објавени на социјални мрежи. Во негова заштите застана и надредениот, премеирот Зоран Заев, кој притоа им се извинуваше на државата Италија и на Ромите за навредливите забелешки кои во разговорот ги искажува Рашковски.
Државната комисија за спречување корупција во четвртокот соопшти дека ќе ја истражува улогата на Драги Рашковски во спроведувањето на тендерот за набавка на радарски систем за МНАВ. Антикорупциска по допрен глас ќе отвори предмет во кој што треба да се утврди дали Рашковски навистина има добиено задолжение од Владата да разговара за тендерот.