Во напад на Боко Харам во Чад убиени 92 војници

Деведесет и двајца војници на армијата на Чад загинаа во најсмртоносниот напад на џихадистите од Боко Харам врз вооружените сили во земјата, изјави претседателот на Чад Идрис Деби Итно, јавија француските медиуми.

-Загубивме 92 наши војници и офицери во нападот во градот Бома, рече тој.

„За првпат губиме толку многу војници“, рече тој, откако го посети местото на нападот во провинцијата Лак, која се граничи со Нигер и Нигерија, од каде упаѓаат џихадистите на Боко Харам.