Владата на мексиканската сојузна држава Коaхуила објави дека се ликвидирани пет лица за време на престрелката со веројатни припадници на Североисточниот нарко-картел кои ја нападнале зградата на локалната администрација во општината Вила Унија.
„Петмина вооружени граѓани беа убиени откако, најверојатно припадници на Североисточниот картел пристигнале во општината Вила Унион, каде отвориле оган врз зградата на општинската администрација, како и врз полициската станица“, пишува весникот Milenio повикувајќи се на соопштение на државното обвинителство на Коахуила.
Според изјави на очевидци, криминалците дошле во гратчето со околу пет илјади жители со седум возила и отвориле оган врз владините згради.
Во заедничката операција на полицијата, армијата и обвинителството биле уништени дел од блиндираните и оклопни возила од кои напаѓачите отвориле оган. Во снимките на локалните телевизии беше прикажана муниција со голем калибар запленета во текот на операцијата.