Четири лица загинаа, а 22 се ранети во напад на бомбаш самоубиец на автобус на авганистанската војска во Кабул, за кој одговорноста ја презедоа Талибанците, соопшти денеска полицијата.Портпаролот на кабулската полиција Хашмат Станикзаи изјави дека истрагата за најновиот напад е во тек.
„Бројот на жртвите би можел да биде зголемен“, изјави тој додавајќи дека меѓу ранетите има и деца кои биле во близина на местото каде што е извршен нападот, пренесува Ројтерс.
Безбедносните сили тврдат дека во претходните 24 часа се случиле барем уште два напади во главниот град.Две лица биле ранети синоќа во експлозија во северниот дел на престолнината, додека една ракета паднала во близина на аеродромот, но жртви немало.