Во напад врз христијани во Сирија убиени девет луѓе

Во ненадеен напад на бунтовниците кои ги поддржува Западот врз христијанското мнозинство во градпот Мхардех во северозападниот дел од сириската покраина Хама убиени се девет лица, жени и деца, и уште други 20 се ранети, јави ноќта кон саботата сириската новинска агенција SANA.

Западните агенции не известуваат за овој напад, туку за сириските воздушни удари врз покраинат Идлиб, кое е последното големо упориште на бунтовниците и џихадистите од Хајат Тахрир ал-Шам.

Според изјавата за новинари на руски дипломати во Обединетите нации во Њујорк, во споменатата покраина Идлиб се проценува дека има околу 50.000 борци на сунитската опозиција и џихадистичките организации.

Во последните 24 часа, бунтовниците од Идлиб извршиле повеќе гранатирања на териториите на покраините Алепо, Хама, Латакија и јужен Идлиб, кои се мнозински упоришта на приврзаниците на претседателот Башар ал-Асад. Во овие напади биле ранет 313 лица, од кои 146 се деца.