
Во наредните денови не се очекува значителна промена на времето. Ќе преовладува променливо облачно со сончеви периоди и релативно свежо за овој период од годината, а во попладневните часови ќе биде нестабилно со појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, информираат од УХМР.
Денес ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни, особено во источните и југоисточните делови, каде има услови и за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 29 степени. УВ=7
Можеби ќе ве интересира и ова: