Во последната законска верзија, опфатени се 34 дејности за кои ќе биде дозволено да работат во недела. Според инистерката за труд и социјала Јагода Шахпаска тоа се вработени во јавни претпријатија и институции од витално значење.
– Не можеме да ја оставиме државата без дејности кои се неопходни за да да може да функционира. Сите процеси кои имаат континуитет не смеат да прекинат, но со неопходен минимум за да функциноираат. Како Влада ќе бидеме неуспешни ако има отпуштање од работа. Само со добра организација и промена на навиките може да се врати она што се викаше работничко право – рече Шахпаска на Телма.