Две брзи рецепти за денешниот ручек, топли сендвичи и пијани колачиња.
Потребно:
150 гр сирење кашкавал
150 гр шунка
3 јајца
50 гр сирење
1,5 дл кисело млеко
1 лажица мешан сув зачин
Магдонос
Сол и црн пипер
8 парчиња леб
0,5 дл млеко
Подготовка:
Кашкавал се ренда, а шунката се сечка на ситни коцки. Во измешаните јајца се додаваат кашкавалот, шунката, исечкан магдонос, сирење, зачините и кисело млеко, па се меша во густа кашеста маса. Секое парче леб кратко се натопува во млеко, и се става во намачкано тавче едно до друго.
На секое од парчињата се ставаат по 2-3 лажици од добиената смеса и се ставаат во топла рерна да се потпече. Се служат со топол чај или јогурт.
Слатки и брзи колачиња, одлични за секој ден.
Потребно:
1 чашa бело вино
1,5-2 чаши брашно
1 кора од лимон
2 чаши масло за јадење
1,5 кeсичкa прашак за печиво
Џем со вкус по желба
Кора од еден лимон
Подготовка:
Од виното, брашното и прашкот за печиво се замесува меко тесто. Потоа, се редна и кора од лимон. Се прави кора, се сече со чаша, се става џем во средината, се преклопува за да се затвори и се пече на потивко до слабо зацрвенување. Уште топли се валкаат во шеќер во прав и ванилин шеќер, по желба може и цимет.